Големиот Вендерс ѝ аплаудираше на Лабина Митевска

Вим Вендерс, еден од најголемите режисери на денешницата, актерката Жилиет Бинош, со сјај во очите и кренати, стиснати тупаници во знак на поддршка го проследија инспиративниот говор на Лабина Митевска на врачувањето на „Еуримаж“ наградата за меѓународни копродукции и Европската филмска академија што се одржа во Луцерн, Швајцарија. Целата сала ја награди со бурен аплауз. Во публиката беа и Изабела Роселини, Ралф Фајнс и многу други ѕвезди од европската и светската филмска индустрија.

– Многу ретко можам да зборувам на македонски и ви благодарам поради ова. Пред 25 години долго време бев прва жена продуцент, а сестра ми Теона беше прва режисерка, во нашата мала, но преубава земја – Македонија. Ни требаа години да се докажеме во многу мачо балканското општество. Бевме жени и сакавме промена – да докажеме дека филмот не е само и ексклузивно за машки филмски професионалци – рече Митевска.

Таа во својот говор ја истакна важноста на копродукциите и поддршката.
– Сакавме да правиме европски копродукции со вклучување повеќе жени и најважно, сакавме да правиме бескомпромисни филмови. Не беше лесно и сè уште не е. Но верувавме дека уметноста, филмот ќе го промени светот – рече Митевска.

ùù

Награда, според жирито, ù се доделува на Митевска како почит кон дарбата на една семејна продукција, страстно посветена на европската кинематографија. „Еуримаж“ наградата за меѓународни копродукции ја доделува Европската филмска академија во соработка со „Еуримаж“ заедно со фондот за поддршка на културата на Советот на Европа.

Сподели