„Лаб дизајн маркет“ – нов изложбен салон за сите дизајнери и занаетчии

„Лабораториум“ објави отворен повик до сите дизајнери и занаетчии да ги претстават своите проеизводи во новиот изложбен салон „Лаб дизајн маркет“. Повикот е отворен до 20 февруари, а може да се пријават сите што рачно изработуваат производи од текстил, накит, модни додатоци, индустриски производи, мебел, дизајнерски производи наменети за деца, за домот, осветлување и слично со фокус на одржливоста, еколошкото и етичко производство.

„Лаб дизајн маркет“ ќе биде отворен на 28 февруари во просториите (индустриската хала) на центарот „Лабораториум“, на булевар Климент Охридски 68, Скопје и ќе работи од вторник до сабота од 12 до 18 часот.

– Идејата на маркетот е на најдобар начин да ги поддржи македонските дизајнери, а тоа е продажба на нивните производи, директно во маркетот и на интернет продавницата. Со основањето се очекува да се створи заедница меѓу дизајнерите од која ќе зајакне локалната дизајнерска сцена, ќе произлезат соработки и заеднички ќе се делува на подобрување на довербата на клиентите во македонскиот дизајн – велат од „Лабораториум“.

Проектот е поддржан од Fashion Revolution Macedonia. Стручна комисија ќе ги разгледа апликациите и ќе одлучува за учесниците во „Лаб дизајн маркет“. Заинтересираните учесници може да најдат повеќе информации за критериумите и условите за учество на интернет страницата на линкот. 

Сподели