Куршумли ан, споменик на културата од средината на 16 век сместен во Старата скопска чаршија е прогласен за културно наследство од особено значење, одлучи вчера Владата. Одлуката е донесена по предлог на Управата за заштита на културното наследство.
– Со ова се овозможува трајно зачувување на Анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, како и спречување дејства, појави и влијанија со кои се врши, или може да настане оштетување или деградирање на овој културно-историски споменик од архитектонското наследство – велат од Владата.





