Првата реприза на најновата премиера на Драмскиот театар во Скопје, „Куршуми над Бродвеј“, работена според Вуди Ален и Даглас Мекграт, а во режија на Ненад Витанов, е закажана за среда (22 септември) од 20 часот. По премиерната изведба во саботата и првичните реакции на публиката, претставата има големи изгледи да биде нов хит на Драмски.
– Ова е претстава за непринципиелната коалиција меѓу мафијата и уметноста. На сцената се судруваат световите на актерите, авторите, режисерите и гангстерите – секој со своја вистина, секој со своја цена. Оваа претстава е театарски манифест. Манифест на театарот како храм и пазар, како сон и компромис, како место каде што секоја реплика е куршум – способен да погоди срце, да уништи или да спаси. Ја следиме приказната на младиот писател Дејвид кој идеалистички го размислува и креира делото, неговата претстава и доаѓа во судир со сите и неминовно мора да направи компромис, не еден туку неколку, а кога ќе почнат компромисите да се случуваат тогаш настанува ерозијата на човекот, кога ќе почне да се погазува самиот себеси. Ова е таа некоја генерална нишка на претставата, додаде Витанов“, вели Витанов.
Во претставата играат: Игор Стојчевски, Јована Спасиќ, Сашо Тасевски, Јелена Жугиќ, Александра Павлова-Бубања, Роберт Вељановски, Александар Степанулески, Предраг Павловски, Калина Наумовска, Златко Митрески, Дениз Абдула, Ања Митиќ, Игор Георгиев, Мартин Мазнев и Енис Билаловиќ. Драматизацијата е на Витанов, сценографијата на Валентин Светозарев, костимите на Елена Вангеловска, а за сценските движења со актерите работеше Маја Каревски.

-Ценам дека покрај естетските вредности и квалитети на претставата има и нешто малку повеќе од тоа. Неколку актери повторно ги актуелизираме на репертоарот. Иако е четврта продукција на Драмскиот театар за годинава, ова е трета премиера на сцената. Средствата кои беа предвидени се 1.200.000 денари, но театарот повторно ќе вложи уште 200.000 до 250.000 денари за да ја завршиме претставата. Не очекува интензивно полумесечие, ова што е пред нас, истакна Вељановски.
Тој изрази благодарност до техничките служби на театарот, до администрацијата, до помошно уметничкиот персонал кои многу вложиле во претставата.
Актерот Игор Стојчевски, кој го игра ликот на драмскиот писател Дејвид Шејн, рече дека е еден идеалистички донекаде невротичен писател кој инсистира на еден концепт кој го има, еден уметнички интегритет да не промени ниту еден збор од својата драма за таа да стане покомерцијална и да се додвори на Бродвејската публика, но одејќи низ драмата гледаме еден по еден компромис прифаќа.
-На почетокот кажува дека е застапник на идејата дека уметноста е над човечкиот живот, дури и би жертвувал живот на некој човек за да ги спаси последните дела на Шекспир доколку би имал таква ситуација, но потоа соочен со убиството поради истата уметност во реалниот живот се крши и ја отфрла таа лажна слика, таа ладна идеологија која сфаќа дека не му одговара, додаде Стојчевски.
Актерката Јована Спасиќ која ја игра улогата на Олив Нил, поранешна стриптизета, девојка на Ник Валентин, кој е шеф на мафијата, рече дека голем дел од ликовите наликуваат на актерите кои ги играат, има сличности.
-Тоа што мојот лик е приглуп и поранешна старлета реков дека нема да го сфаќам многу лично. За мене беше многу возбудливо да го работам овој лик, затоа што од една страна ми понуди можности да истражувам во контра насока од тоа што сум, а воедно дополнително да ми направи едно задоволство со лик кој ме забавува и ме направи среќна. Знам дека оваа претстава ќе трае во Драмскиот театар, додаде Спасиќ.
Актерот Сашо Тасевски, кој ја има улогата на ганстерот Чич, објасни дека многу ситуации од текстот се реални за актерите кај нас и начинот на работење во театрите. Раскажа анегдота во која актерите на сцената имаат расправија со режисерот, а речиси иста ситуација им се случила со Витанов.
Актерката Калина Наумовска, која во претставата ја игра познатата актерка Еден Брент, на прес-конференцијата од име на актерите им се заблагодари на луѓето кои се зад сцената – суфлер, шминкер, фризер.





