Во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ до утре трае „Студентски саем на книгата“. По саемски цени се продаваат учебници/прирачници и друга
стручна литература. По специјални цени може да се набават и дела од книжевните класици и современи белетристички дела од светски и домашни автори.
– Ако купите две книги, НУБ како организатор, ќе ви подари уште една книга по ваш избор – велат од Библиотеката.
За време на Саемот, Библиотеката ќе зачленува нови корисници по минимални цени. Саемот се организира со почитување на мерките предвидени со протоколите за организирање на настани од културата во пандемија.