Кумјана Новакова учествува на панел „Фемицидот во филмот, телевизијата и новите медиуми“ на фестивалот во Сараево

Сараевскиот филмски фестивал денес организира јавен разговор на темата „Фемицидот во филмот, телевизијата и новите медиуми“, во чест на денот на жалоста, 16 август.  Врз основа на одлуката на Владата на Босна и Херцеговина, денеска е прогласен Ден на жалоста по повод тројното убиство во Градачац, кога една жена беше убиена, а неколку дена претходно пријавила насилство од својот поранешен сопруг.

На панелот ќе зборуваат филмски креативци кои со овие теми се бавеле во своите филмови, но и во други општествени ангажмани: режисерките Аида Бегиќ, Вања Јураниќ, Кумјана Новакова, режисерот Адемир Кеновиќ и актерката Надине Мичиќ,а разговорот ќе го модерира Небојша Јовановиќ.

Во Сараево, каде во тек е големиот филмски фестивал, денеска нема да се одржат проекции на филмовите, како и во Мостар и во Тузла. Денот на фестивалот ќе биде во знакот на пораката „Солидарност со сите жртви на насилство врз жените“.

Филмот Silence of Reason на Кумјана Новакова имаше премиера на фестивалот во Сараево.

„Кумјана Новакова мајсторски и контекстуализира архивските сведочења на жени што преживеале насилство во војната во Босна – пишува The Verdict.

Фотографија: Сараевски филмски фестивал

Сподели