На сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп утревечер во 20 часот ќе гостува претставата „Како што сакате“ (Ноќ спроти Водици) на Кумановскиот театар. Режијата е на Срѓан Јаниќијевиќ, а играат: Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Антонио Димитриевски, Нина Максимова, Анастасија Величковиќ, Александра Пешевска, Давид Илиќ, Никица Јанковски.
Драматург е Симона Тоскиќ, сценографијата е на Марија Ветеровска, костимограф е Лидија Георгиева, а композитори се Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски.
„Како што сакате“ е современа адаптација на драмата на Вилијам Шекспир („Ноќ спроти Водици“), опишана како негова најсмешна комедија. Вител на згрешени идентитети и невозвратена љубов. Никој не е она што е и сè е возможно. Зошто таа замена на родови идентитети е толку смешна во театарот со векови, а толку застрашувачки сериозна, а понекогаш и брутално трагична во реалниот живот.
– Кај Шекспир, тоа е едноставно: Машко или женско? Како што сакате – пишува во најавата на претставата.




