Културното наследство инспирација за Катарина Пренда за логото на „Гевгелија – град на културата“

Креативното решение за лого на манифестацијата „Гевгелија –  град на културата“ изработено од дизајнерката Катарина Пренда е избрано за најдобро. На конкурсот распишан на 3 март пристигнаа девет идејни решенија. Логоот на Пренда е составено од модерни и хармонични визуелни композиции што ја одразуваат богатата историја, културното наследство и визијата на Гевгелија како „Град на култура“ во 2025 година.

Инспирацијата за логото е црпена од релјефна чаша со претстава на македонски штит, III-II в. пр. н. е., пронајдена на архелошкиот локалитет „Вардарски Рид“- Гевгелија. Логото е прикажано како сонце со концентрични кругови, симбол на Гевгелија за нејзината светлина, топлина, виталност и гостопримство и град епицентар на културните настани во 2025 година.

 

 

Сподели