Кристофер Нолан, Килијан Марфи, Роберт Д. Џуниор… седум „Оскари“ за „Опенхајмер“

Повеќе од успешна, а и очекувана Оскаровска вечер доживеа тимот на филмот „Опенхајмер“ на синоќешната церемонија на доделување на филмските награди во театарот „Долби“ во Лос Анџелес. Со седум статуетки за закити филмот на Кристофер Нолан, а тој доби и награда за најдобра режија. „Опенхајмер“ ги освои наградите за главна машка – Килијан Марфи, за најдобра споредна машка – Роберт Дауни Џуниор.
Марфи го посвети Оскарот на сите миротворци во светот, потсетувајќи дека и денес, за жал, живеем во времето на Опенхајмер. Овој филм доби Оскар и за: најдобра кинематографија (Хојте ван Хојтема), монтажа (Џенифер Лејм) и оригинална музика (Лудвиг Горансон).

Вториот филм со најмногу номинации по „Опенхајмер“, „Кутри суштества“ доби четири Оскари. Ема Стоун за главна женска улога, со што сега има два Оскари во оваа категорија. Филмот на Јоргос Лантимос, е награден и во категориите: најдобра костимографија, дизајн на сет и шминка и фризура.

Наградата за најдобра споредна женска улога ја доби Давајн Џој Рендолф за улогата во „The Holdovers“.

Годинава дури 10 филма беа во трката за најдобар филм. Ова исто така е прва година во која се воведоа нови правила поврзани со различноста во категоријата за најдобар филм, односно вклучување на недоволно застапени расни и етнички групи, како и жени, ЛГБТ лица и лица со секаков вид на попреченост. Церемонијата траеше значително пократно, а преносот започна два часа порано.

Црвениот тепих беше главата атракција, каде можеа да се видат најразлични тоалети на сите учесници и да се прават оценки за најдобро или најлошо облечени.

Домаќин на церемонијата по четврти пат беше биде водителот и комичар Џими Кимел. Toj jа потсети публиката на скандалот од 1974 година кога во Дороти Чендлер Павиљонот каде тогаш се одржуваа Оскарите, Дејвид Нивен беше презентер и требаше да ја покани на сцената Елизабет Тејлор, а зад него англискиот професор Роберт Опел истрча гол на сцената. Со тоа актерот и професионален борач Џон Сина на шеговит начин ја најави категоријата најдобри костими, а Оскарот по трет пат отиде кај филмот „Кутрите суштества“.
Најдобар краток анимиран филм е „Војната е завршена“ во режија на Дејв Малинс, а најдобар анимиран филм е „Момчето и чапјата“ на Хијао Мијазаки. Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби „Анатомија на падот“ на Жистен Трие и Артур Харари, а најдобро адаптирано сценарио доби филмот „Американска фикција“ на Корд Џеферсон.

Оскарот за најдобар странски филм отиде го доби англискиот филм „Зона на интерес“, кој доби статуетка и за најдобар звук. Били Ајлиш го доби вториот Оскар за песната Why was I made for? од филмот „Барби“.

Како презентери се појавија Џејми Ли Кертис, Брендан Фрејзер, Џесика Ланг, Метју Мекконахи, Ал Пачино, Мишел Фајфер, Мишел Јео, Џенифер Лоренс, Зендаја и многу други ѕвезди. Били Ајлиш, Рајан Гослинг и Беки Џи беа меѓу изведувачите на номинираните филмски песни.

Како и секоја година, така и на ова издание им беше одадена почит на сите филмски работници кои не напуштија изминатата година преку песната Con Te Partiro во изведба на италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели и неговиот син Матео.

Сподели