Креативни работилници за деца посветени на обичајот Мартинки

Креативни работилници за деца посветени на обичајот Мартинки ќе се одржат в недела во „Катче за приказни“ во центарот на Скопје (ул. „Борка Талески“ бр. 21а). Терминот од 11 часот е за деца од 3 до 6 години, а од 13 часот – за деца над 6 години. Раскажувачки се Василка Димитровска и Ена Чаусидис.

Дали знаете дека секој јазол на мартинката е една желба за здравје? По повод Денот на Баба Марта, ги каниме децата на топла и креативна работилница за обичајот Мартинки каде што приказните оживуваат низ нивните изработки. Ова не е само работилница, ова е патување низ традицијата и магијата на пролетта – велат организаторите.

Секоја работилница трае по 90 минути. Местата се ограничени, па сите заинтересирани треба да се пријават на линкот.

Работилницата ја организираат „Катче за приказни“, во соработка со ХАЕМУС (носител на обичајот впишан во УНЕСКО) и Kreaktiva – The Storytelling & Experience Design Studio.

Повеќе информации на линкот.

Сподели