Македонскиот краткометражен филм „Состојба на умот“ (“Frame of Mind”) на кинематограферот Душан Кардалевски, во режија на Александра Кардалевска ќе биде прикажан денеска во 17 часот во киното „Манаки“ во Битола, како дел официјалната краткометражна натпреварувачка програма за наградата „Златна камера 300“. Филмот досега имаше повеќе од 15 селекции и две награди за најдобра кинематографија за Кардалевски на фестивали во Романија и Бразил.
– Филмот е едноставна, универзална приказна за љубовта, за загубата. Чест ни што филмот е дела од фестивал што ги вреднува кинематографските квалитети што веќе беа вреднувани и наградени во други земји – велат авторите.
По проекцијата на „Состојба на умот“ (6 минути) ќе бидат прикажани и „Вистинската вистина за борбата“ на Алана Мехиа Гонзалес, „Овца“ на Адиб Собхани. „Оддалечување“ Петер Колањи и „Добро момче“ на Кинан Масарани. По завршувањето на проекциите публиката ќе има можност за дискусија.