Краткиот филм „Јас успеав, можеш и ти“ беше промовиран во малата сала на Центарот за култура во Битола, како дел од кампањата на „Преда плус“ фондацијата за подигнување на јавнат свест за поголемо вклучување на ромски деца во образованието. Станува збор за емотивен краток филм, реални приказни пресликани низ зборови, поттик за новите генераци да направат повеќе.

Оваа кампања започна во септември со доделување на ранци и школски прибор за сите запишани првачиња во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев” од Битола и продолжува со споделување и промовирање на позитивни лични приказни на успешни млади луѓе од ромската заедница кои преку своето дејствување прават позитивни промени во заедницата.

На почетокот на кампањата бројот на запишани ромски деца во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев” беше само 37% од евидентираните првачиња од ромска националност. Денес, на почеток на октомври запишани се 70%.

Кампањата се реализира како дел од настаните за подигање на јавна свест во рамките на проектот „Баир – Здружена акција на Битола за вклучување на Роми“, финансиран од Европската Комисија, реализиран во партнерство на италијанската невладина организација -COSV, Преда Плус Фондација и Општина Битола.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.