Кратки видеоарт филмови на „Фемина 8“ во Кинотека

Проекција на кратки видеоарт филмови се во фокусот на 6. издание на изложбата „Фемина 8“ вечерва во 20 часот, во Кинотеката во Скопје. Станува збор за кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамките на програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија чија цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки. Ќе с еодржат 13 проекции на кратки видео арт филмови на македонски и странски уметници. Изложбата „Фемина 8“ веќе има препознатлив ликовен концепт, а досега учествувале над стотина македонски и странски ликовни уметници. Препознатлива е по карактерот и ликовниот израз кој во себе содржи повеќе ликовни медиуми, од класичното штафелајско сликарство па сè до концептуални формати и нови медиуми.

Преку „Фемина“ се следи жената како субјект/објект и нејзината улога во повеќе сегменти: историски, социолошки, философски, религиски и други аспекти и гледишта.

Сподели