Има места во светот каде буквално секој поглед свртен на која било страна претставуваат кадар, претставуваат фотографија. Еден од нив дефинитивно е Венеција. Старата дама неспоредлива со ниеден друг град во светот. Напластена историја, убавина, живот на вода и покрај вода. Трговската сила од пред векови денес е град на уметноста, на уживањето. Нема педа на кое било од нејзините островчиња каде што не се слави уметноста во главниот град на областа Венето. Јазици од цел свет, луѓе од цел свет, фестивали на музика, современа уметност, филм, танц…
Градот на УНЕСКО има и свои предизвици – се соочува со големи проблеми поради големиот број туристи, загадување на водата, страв од прелевање… Токму летово е донесена одлука од 16 јануари 2023 година секој турист да плаќа по 10 долари плус на својот буџет за туристи од 6 години нагоре, како и обврската да се букира своето место во градот.
Околу 20 милиони посетители дошле во Венеција во 2019 година, бројка неодржлива за градот од острови што тоне, а кој е официјален дом на само 55.000 луѓе. Во градот дневно влегувале по 120.000 луѓе. Умно.мк ви ја споделува фотоприказната што успеа да ја направи за време на одржувањето на Филмскиот фестивал во Венеција.