На четвртиот ден на 35. Скопски саем се закажани неколку промоции и гостувања на автори. Во промотивниот центар во 12 часот е закажана промоцијата на книгата „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ на авторката Лина Димоска. Делото е во издание на „Бата Пресс Милениум“ од Скопје. По неа, во 13 часот ќе следува промоција на последната книга на Милован Стефановски, „Ковчеже со книжни бисери“. За книгата ќе зборуваат Бранко Цветковски, Живко Андреевски, а организатор е Страница.мк.
Точно на пладне на штандот на ТРИ ќе биде организиарана промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, а ќе гостува Венко Андоновски. На истиот штанд, во 11 часот, ќе претходи читање со Бистра Георгиева.
Ова се останатите настани:
12.00 – 15.00 ч. – Крис Картер (Организатор: Сакам Книги)
12.00 – 14.00 ч. – Игор Станојоски (Организатор: Муза паблишер)
13.00 ч – Потпишување со Ана Стојаноска (Организатор Арс Ламина)
13.00 ч. – Театарска изведба (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
13.00 ч. Пијан Славеј (Организатор: Прозарт медиа)
14.00 ч. Александар Прокопиев (Организатор: Прозарт медиа)
15.00 ч. – Потпишување со Симона Петреска (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
16.00 – 18.00 ч. – Орде Ѓорѓиоски (Организатор: Антолог)
16.00 – 18.00 ч. – Дарко Симуновски (Организатор: Антолог)
17.00 ч. – Гушни се со Стела и Сани (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)
19.00 ч. – Книжевна забава (Организатор: Издавачки центар Три и Паблишер)





