Во периодот од 27 јули до 7 август, проф. д-р. Искра Шукарова учествува на уметничка резиденција во Њујорк и Вајлд Харт во САД. Уметничката резиденција започнува во Њујорк за потоа да продолжи со престојот во прекрасната природа во Вајлд Харт (Њујорк) каде ќе се испитуваат теми поврзани со екологијата движењето и природата.
Темите кои се обработуваат како дел од истражувачкиот процес допираат длабоко во суштината за тоа како се однесуваме и соработуваме со природата. Воедно проф. Шукарова ќе предава на студенти кои доаѓаат да ги споделат своите искуства и да научат нови пристапи во современиот танц.
Во рамки на гостувањето, таа одржува и предавања за современи танчери во Movement Research NYC.
Резиденцијата е организирана од Петер Шишиоли колега и асистент на Меридит Монк. Престојот е поддржан од мрежата Global Practice Sharing како дел од Movement Research NYC и фондот Trust for Mutual Understanding.
Инаку Шукарова е дел од две релеватни танцови мрежи од САД – IIAC и Global Practice Network.