Константин Трипуновски, студент по медицина во Љубљана што сака да биде и лекар и научник

Неодамна Сојузот на хемичарите и технолози на Македонија му врачи признание за досегашните успеси на натпреварите по хемија

Тој е еден од младите луѓе во Македонија со голема перспектива во науката. Тоа го докажал на многу домашни и меѓународни натпревари, а еден од нив е престижната Меѓународна олимпијада по хемија „Менделеев“, во рамките на тимот што ја претставуваше Македонија.

Константин Трипуновски од Скопје е прва година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Љубљана. Своето образование го продолжува во Словенија откако матурираше во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“. Неодамна Сојузот на хемичарите и технолози на Македонија му врачи признание за досегашните успеси на натпреварите по хемија.

Љубљана / Фото: Pixabay

Трипуновски студира општа медицина, но уште отсега е определен својата кариера да ја гради во хирургијата, но и во хемиските науки.

– Од хирургија, засега сакам да се ориентирам кон неврохирургија како една предизвикувачка област. Многумина ја сметаат за многу тешка, сепак во невронауката гледам голем истражувачки потенцијал. Но, во текот на студиите, како ќе се запознавам со мединцината, можно е тоа да се промени. Сепак мојата приказна со хемијата не завршува тука со натпреварите. Планирам да продолжам мојата истражувачка кариера да биде насочена и кон хемиските науки, како и кон медицината – вели тој.

Според него, словенечкиот образовен систем има опции за интердисциплинарност, но тој планира прво да се здобие со еден темел во медицината, а потоа тоа да се надгради преку докторски студии во областа на хемијата како една алатка во научната дејност.

Уште како ученик во основното образование тој учествувал на натпревари по приридни науки, на државни и меѓународни натпревари по физика, хемија и биологија, математика. Уште како мал бил опкружен со природните науки дома, бидејќи неговите родители работат во областа на медицината.

Уште кога бев мал се роди љубовта кон науката. Тоа секогаш ме стимулирапше и ја разви љубопитноста во мене за да осознаам како функционираат светот и природата и како тоа можам да го применам во секојдневниот живот и општо за напредок на човештвото – објаснува Трипуновски.

На прашањето зошто решил да учи во гимназија кога интересите му биле во областа на медицината, тој вели дека гиманизиското образование нуди повеќе искуства.

 Константин Трипуновски

И сметав дека подобро би ме подготвиле за предизвиците на факултет, а причина беше и високо познатиот рејтинг на гимназијата Корчагин“ – вели тој.

Запишувањето на факултетот во Словенија воопшто не бил комплициран. Во споредба со уписниот процес на факултетите во Македонија било поедноставно во однос на потребните документи.

Ми се допадна еднставноста на електронскиот систем за пријавување и редовното информирање што го добивавме за состојбата при уписниот поцес. Јас го искористив фактот дека Македонија и Словенија имаат склучено договор за бесплатни студии за студенти. Покрај тоа ја гледам и Словенија како европска држава идеална за студенти. Особено за Македонија, во однос на културната блискост, а сепак е развиена земја со високи европски стандарди – вели младиот студент.

На прашањето каде би сакал да се види себеси за десетина години, Константин вели:

Не знам каде ќе ме одведе животот. Засега мојата визија е да завршам медицина и покрај тоа да се запишам на докторски студии по хемија. Која област точно, сè уште немам одлучено. Се надевам дека ќе успеам паралелно да се развивам и како лекар и како научник.

Сподели