Конкурс за учебници по предмети од прво, второ, четврто и петто одделение во деветогодишното основно образование за кои се изработени нови наставни програми објави Министерството за образование и наука. Огласот вчера го објави Педагошката служба. Според пропозициите, право на учество имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
– На конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и тој треба да биде изработен според наставниот план и програма за соодветното одделение и согласно Концепцијата за учебник за основно и средно образование.
Крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 11 мај – велат од МОН. Од Министерството додаваат дека печатената верзија на учебниците, согласно постоечкиот Закон за учебници во основното и средното образование е неопходна во наставата, но тоа не ја исклучува и важноста на дигиталната форма. Повеќе информации на линкот.