ПСУ „Јахја Кемал” објавува конкурс за доделување на стипендии за средно образование, наменет за учениците од деветтите одделенија. Пријавувањето е достапно на веб-страницата на училиштето, а рокот за пријавување е до 9 април.
На тестирањето за стипендија: ќе се одговара на прашања по математика, општа култура и на прашања за проверка на интелигенцијата, тестирањето за стипендија ќе се полага на македонски, албански, турски и на англиски јазик. За тестирањето не е задолжително познавање на англискиот и на турскиот јазик.
Доколку учениците се рангираат на првите 25 места на тестирањето ќе добијат попусти од износот на школарината
1. место 100%, 4. место 70%, 10-13 место 40%,
2. место 90%, 5-6 место 60%, 14-19 место 30%,
3. место 80%, 7-9 место 50%, 20-25 Место 20%.
Тестирањето за стипендија ќе се одржи на 10 април (недела) во 11 часот. За ПСУ „Јахја Кемал”- Скопје ќе се полага во самото училиште и во ООУ „11 Октомври“ – Куманово, ООУ „Ванчо Прке“ – Штип, ООУ „Блаже Конески“ – Велес и ООУ „Видео Подгорец“ – Струмица.
За ПСУ „Јахја Кемал” – Тетово-Боговиње ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Исмаил Ќемали“- Гостивар.
За ПСУ „Јахја Кемал”- Струга ќе се полага во самото училиште и во ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, ООУ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ООУ „Санде Штерјоски“ – Кичево и ООУ „Пенестиа“ – Дебар).