Конкурс за развој на бизнис идеја во медиумите. Пријавете се!

Конкурс за развој на нова бизнис идеја во медиумите отвори Фондацијата Томсон и Британскиот совет во регионов преку платформата Journalift, во рамките на програмата Western Balkans Media for Change. На повикот може да се пријават медиуми и поединци. Грантовите се до 10.000 британски фунти за медиуми (или НВО) и до 4.000 фунти за поединци.

– Ако сте медиумски професионалец, медиумска организација или само поединец со страст за медиумски проекти и размислувате да создадете нов проток на содржина (поткаст или шоу) одвоено од тековната содржина што веќе ја произведувате или управувате во вашите медиуми, ова е повик за вас. Можеби звучи едноставно, но има многу работи што треба да се разгледаат или проценат за да се види дали таа нова содржина ќе има публика, какви ресурси би барала, колку време или пари би биле потребни за да се создаде и одржува. Validation Booster е програма наменета да ве научи како да размислувате за таа нова идеја како посебен бизнис (дури и ако не треба да биде таков), како да ја развиете и како да ја истражувате – велат од Western Balkans Media for Change.

Validation Booster е интензивна програма која бара значително време и посветеност од нејзините учесници. Програмата е поделена на три сегменти: првични три работилници што ќе ги научат учесниците на повеќето потребни алатки, период на истражување и завршни семинари за сумирање на резултатите.

Краен рок за аплизирање е 1 август 2024 години во 23.59 часот. Програмата трае од октомври 2024 до февруари 2025 година.

Повеќе информации на линкот.

Сподели