Конкурс за оригиналнo прoзно дело за деца на возраст од 10 до 15 години објавија Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје. Според пропозициите, пријавените книжевни дела (роман, новела, подолг расказ…) треба да имаат наративна форма, да имаат најмалку 30 компјутерски страници, да бидат наменети за деца од 10 до 15-годишна возраст, да бидат напишани на македонски јазик и да не биле досега објавувани.
– Особено внимание ќе биде посветено на дела што се забавни, досетливи, поучни, поттикнуваат креативност и критичко размислување. Целта на овој проект е креирање можности за авторите што пишуваат литература за деца и млади, како и креирање на читачки навики кај младите преку содржини што ќе поттикнат љубопитност кај нив – велат организаторите.
Текстовите треба да бидат испратени електронски најдоцна до 10 мај на: [email protected], со назнака: За конкурсот за оригинално прозно дело за деца. За наградата ќе одлучува тричлечна стручна комисија. Учесниците ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна до 10 јуни. Тричлената комисија ќе додели една награда, а делото ќе биде објавено.