Јавен повик за креирање на подкаст во областа на културата објави Здружението за афирмација на уметност „Флуктус“ од Скопје. Повикот е наменет за млади автори, во рамките на проектот „Подкасти на Самоглас“ поддржан од Министерството за култура.
– Избраниот автор/ка ќе има целосна слобода врз содржината што сака да ја креира, а од тимот на „Самоглас“ ќе добие креативна, техничка и финансиска поддршка при процесот на изработка на материјалот. Подкастот ќе биде објавен на мобилната апликација и веб-платформата www.samoglas.mk и со тоа ќе се промовира нова продукција на аудиосодржини на „Самоглас“, која ќе биде отоворена за сите слушатели, како и за оние креатори коишто сакаат да учествуваат во надополнувањето на истата – велат од „Флуктус“.
Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат формата која може да се најде на линкот и да достават кратка аудиоснимка (до 2 минути) која треба да звучи како најава за подкастот. Изработената снимка треба да се достави на [email protected]. Конкурсот ќе биде отворен до 31 мај.