Културниот и информативен центар – Битола објавува конкурс за 20 нови композиции, од кои три дебитантски за потребите на 4. издание на Фестивалот на битолската серенада „Ех таа серенада 2025“. Композициите треба да се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Сите варијации и иновации на оваа тема се добредојдени за збогатување на квалитетот на оваа музичка форма.
Музичките дела се очекуваат како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса serenadakicbt@gmail.com. За изборот на композициите неприкосновено право при селектирањето и изборот на делата има комисијата назначена од КИЦ Битола. Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со по 10.000 денари за текст, за музика и за аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари. Композициите треба да се испратат најдоцна до 5 април.
Организаторот има право да нарача одреден број композиции кај докажани автори и ја задржува целосната контрола врз аранжманите, поради тоа што музичкиот настан ќе се изведува во живо со оркестар, со професионални музичари кои имаат искуство и знаење да одговорат на предизвикот. Фестивалот „Ех таа серенада” 2025 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) на 10 јули 2025.
Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 5 мај.





