Конкурс на „Халкбанк“ за најдобра поетска творба на тема „Радоста е во споделувањето“

„Халкбанк“ објавува конкурс за деца за најдобра песна на тема „Радоста е во споделувањето“. Овој конкурс се одржува во рамките на месецот на емпатија, во согласност со проектот на „Халкбанк“ насловен како „Емоцијата има своја боја“. Веруваме во креативноста на децата и во нивната безгранична способност да ги изразуваат емоциите преку уметноста.

– Одлучивме месецот март целосно да го посветиме на емпатијата, која ја обоивме во жолта боја, но и на децата генерално. Покрај интересните и едукативни содржини што постојано ги споделуваме преку социјалните мрежи, решивме на децата да им дадеме и креативен предизвик. Затоа, распишавме поетски конкурс во чест на Денот на поезијата 21 март – вели Маја Наумовска-Савеска од „Халкбанк“.

Со оваа иницијатива, „Халкбанк“ ги поттикнува децата да ги искажат своите чувства на радост преку поезија. Трите најдобри песни ќе бидат објавени на 31 март и ќе бидат наградени со пакет изненадување од Халки.

Сите заинтересирани деца се поканети да учествуваат на овој конкурс и да го изразат своето уметничко творештво во форма на поезија. Поетските творби треба да се испратат на мејлот: [email protected], а конкурсот трае до 30 март, 2024 година.
За квалитетот на пристигнатите творби ќе одлучува тричлена жири–комисија.

Сподели