По повод октомври – месецот на штедењето, Халкбанк АД Скопје и штедливото слонче Халки објавуваат конкурс за најдобар расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“. Право на учество имаат деца од 7 до 12 години, а конкурсот ќе трае до 31 октомври. Расказите испраќајте ги на: [email protected] со назнака „Конкурс за најдобар расказ”.

За испратените раскази ќе одлучува стручна комисија составена од двајца книжевници и еден претставник од „Халкбанк“ АД Скопје. Наградата се состои од детска штедна книшка со вредност од 3.000 денари.

Условите за учество можете да ги најдете на следниов линк

– Слончето Халки не е само симбол на детското штедење, туку и вистински другар на сите деца, гласноговорник за нивните права. Ликот на Халки е резултат и на општествената одговорност на „Халкбанк“ АД Скопје која се залага и за здрава животна средина, инклузија и квалитетно образование на сите деца, преку активности кои не се наменети само за финансиска едукација. По успешните конкурси за ликовни творби на тема: „Здрава животна средина“ и „Илустрирај ја татковината“ реализирaни годинава, како и по проектот во месец мај кога слончето Халки ги едуцираше децата за тема инклузија, овој пат ќе го наградиме најдобриот расказ на тема „Инклузија – сите деца се исти“  – информира Маја Наумовска Савеска од „Халкбанк“ АД Скопје.

Во месецот на штедењето – октомври, „Халкбанк“ АД Скопје се фокусира токму на децата. Активностите започнаа со промоција на детското штедење – Халки и промотивните каматни стапки кои се движат до 1.7 отсто за штедење во денари, односно до 1.2 отсто за штедење во евра на рок од 60 месеци, а ќе биде заокружен со промоција на  ексклузивната „Сликовница на Халки“. Средствата од продажбата на сликовницата ќе бидат наменети во хуманитарни цели.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.