Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ од Битола распиша конкурс за доделување на наградата „Роднокраен автор за 2022 година“. Според критериумите, роднокрајниот автор треба да има издадено книга од 1 јануари до 31 декември 2022, да е добитник на награди, да има други придонеси во книжевноста (членства во жирија, уредништво, преводи, членство во редакции на списанија, учество на манифестации и сл.).
Конкурсот е отворен до 31 јануари. Заинтересираните потребните документи треба да ги испраќаат на електронската пошта nuub.bitola@gmail.com. Наградата ќе биде доделена на 25 март, на роденденот на Библиотеката. Повикот е во рамките на проектот „Роднокрајни средби на битолските писатели од Македонија“.