Објавен е конкурс за наградата „Македонска книжевна авангарда“ за најдобра книга објавена во 2021 година, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје. Наградата се доделува за иновативна, експериментална и креативна книга. Конкурсот е отворен до 31 јануари, а добитникот на наградата ќе биде соопштен кон крајот на февруари.

Наградата досега ја добиле: Елена Пренџова, Марина Мијаковска, Дејан Трајкоски, Стефан Марковски, Ана Бунтескa, Бистра Илин Шеќеровски, Даниела Андоновска-Трајковска, Митко Гогов и Габриела Стојаноска-Станоеска.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.