Конкурс за есеј за основци и средношколци објави Министерството за образование и наука по повод 80 години од усвојувањето на македонскиот јазик како службен јазик. Во зависност од возраста и наставниот јазик, дадени се четири теми. Право на учество имаат сите ученици од четврто до деветто одделение од основните училишта и од прва до четврта година од средните училишта.
Еден ученик може да конкурира само со еден есеј, кој треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува темата на конкурсот. За учениците од четврто до шесто одделение, есејот треба да има до 200 зборови, додека за учениците од седмо одделение основно образование до четврта година средно образование треба да има од 200 до 300 зборови.
Најдобрите есеи ќе ги одбира комисија, а учениците кои ќе освојат прво место на овој натпревар во секоја од четирите категории ќе добијат пригодна награда. Наградените трудови со шифрите ќе бидат објавени на веб-страницата на МОН на 26 мај.
Повеќе информации за конкурсот и начинот на пријавување може да најдете на следниов ЛИНК.





