Наука за развој, заедно е возможно“ е насловот на конференцијата која денеска ќе се одржи во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. На конференцијата во две сесии свои излагања ќе имаат повеќе научници од земјава, а ќе присуствуваат и тројца министри.

Конференцијата почнува утрово, во 9.30 часот со воведни обраќања на Мила Царовска, министерка за образование и наука и проф. д-р Тодор Серафимовски од Националниот совет за високо образование. Веднаш потоа следува првиот панел насловен „Вложување во развој на науката. Обраќање ќе има д-р Фатмир Бесими, министер за финансии, а ќе излагаат проф. д-р Владимир Мијаковски, од Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, проф. д-р Зехра Хајруали-Муслиу, од Факултет за ветеринарна медицина при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и доц. д-р Ирена Рамбабова- Бушлетиќ, од Медицински факултет при УКИМ. Модератор е проф. д-р Александар Скепаровски, декан на Природно-математичкиот факултет при УКИМ.

Втoриот панел почнува во 10.50 часот на тема „Апликативна наука“. Пред присутните ќе се обрати Радмила Шекеринска, министерка за одбрана, а ќе излагаат: проф. д-р Александар Димовски од Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија Георги Д. Ефремов“ во Македонската академија на науките и уметностите, проф. д-р Марина Стефова од Институтот за хемија при ПМФ и проф. д-р Димитар Ташковски, декан на Факултетот за електротехника и информациски технологи (ФЕИТ). Модератор е проф. д-р Дејан Мираковски од Факултетот за природни и технички науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Насловна фотографија: Институт за хемија при ПМФ

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.