Конференција „Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ на Правниот факултет во Скопје

„Разговори со Ѓорѓи Марјановиќ“ е насловот на конференцијата што ќе се одржи денеска во 12 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Тема на конференцијата е „Како Македонија може да стане пристојно место за живеење“.

Конференцијата ќе ја отворат професор д-р Сашо Георгиевски, декан на факултетот и Александар Марјановиќ, директор на фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“.

На настанот свои обраќања ќе имаат претседателката Гордана Силјановска-Давкова, Никола Димитров, поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, Никица Мојсоска- Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“ и новинарот Бранко Геровски

На настанот ќе бидат промовирани книгите „Собрани стручни трудови“ од Ѓорѓи Марјановиќ и „Разговори со професорот Ѓорѓи Марјановиќ“ од Бранко Секуловски. Промотори на книгите ќе бидат Гордан Калајџиев и Владимир Петрушевски-Фили. Настанот го организираат Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“ и Правниот факултет по повод 85 години од раѓањето на Ѓорѓи Марјановиќ.

Сподели