Конференција „Пристап до правда за маргинализирани заедници 2.0“ во Europe House Скопје

„Пристап до правда за маргинализирани заедници 2.0“ е темата на конференцијата која денеска во 11 часот ќе се одржи во Europe House Скопје. Конференцијата ја организира коалицијата „Маргини“, а целта е на едно место да ги собере експерти кои ќе зборуваат за актуелните случувања, трендови и предизвици поврзани со пристапот до правдата, особено во контекст на дијалогот за пристапување во Европската Унија. Конференцијата ќе се состои од две панел дискусии кои ќе ги модерира Ирена Цветковиќ, извршна директорка на „Маргини“. Присутните ќе ги поздраво Константин Јовановски, програмски офицер при Делегацијата на ЕУ во земјава и Дијана Стојановиќ-Ѓорѓевиќ, програмска раководителка на Kvinna till Kvinna.

Говорници се Наташа Бошкова, Драгана Дрндаревска, Дијана Стојановиќ-Ѓорѓевиќ, Бети Пеева, Маријана Стоименовска, Даниела Панева и Ангел Димитриевски.

Сподели