Концертното пијано „Петроф“ се удоми во Националната опера и балет

Со настап на концертното пијано од прочуенната компанија „Петроф“, чешка донација на Македонија, во Националната опера и балет во Скопје беше одбележан Националниот ден на Чешката Република. Настапија чешките пијанисти Ема Једличка Гогова и Ина Асламас. Во присуство на Зузана Петрофова, актуелна сопственичка на „Петроф“, бројни гости од дипломатскиот кор и од културниот и бизнис-секторот во земјава, присутните ги поздрави заменик-министерот за култура, Даим Лучи. Тој истакна дека со амабасадорот на Чешка, Јарослав Лудва се согласни дека соработката што ја негуваме во културата е вистинско богатство, но и дека многу можности кои не се искористени.

Новото концертно пијано ќе го збогати звукот и ќе го подобри квалитетот на изведбите во Националната опера и балет. Пијаното е донација иницирана од Чешка, во која свој удел имаат и компании од нашата земја. Овој модел на соработка отвора нови можности за подигнување на квалитетот во изведбите и на новите копродукциски соработки.

Сподели