Концерт на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на 1 јуни во Скопје

Големите мајстори на гитарата, светските гитаристи Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе одржат концерт на 1 јуни во Македонската филхармонија во Скопје. Тие ќе одбележат 20 години од излегувањето на албумот „Трета мајка“.

Од „Авалон продукција“ велат дека годинава ќе го објават „Трета мајка” на винил. Настапот на Стефановски и Тадиќ прв пат ќе биде во салата на Филхармонијата.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денес во 9 наутро онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија.

Сподели