Виолинистот Бојан Илкоски и пијанистот Дино Имери вечерва во 20 часот ќе одржат концерт во Белград во Културни Центар – Београд, во галеријата „Артгет“ на Кнез Михајлова.

Покрај делата од светската литература, дуото ќе ја изведе и српската премиера на две дела од македонските композитори Дијана Имери Илкоска („Корени”) и Кочо Петровски/Дамир Имери („Играорна фантазија”).

Илкоски и Имери како дуо соработуваат десетина години, а во нивната заедничка работа издвојуваат бројни успеси во Македонија и странство. По концертот во Белград ги очекува настап во Скопје, а потоа и на престижниот Љубљана фестивал.

Наскоро треба да излезе и ново дискографско издание на нивниот нов албум со композиции од Буланже, Равел, Дебиси, Дијана Имери Илкоска и Дамир Имери.

Повеќе информации за концерт може да пронајдете ТУКА.

 

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.