Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот заеднички концерт ќе одржат „Танец“ и Националната опера и балет. На сцената ќе настапат повеќе од 130 учесници кои заедно ќе ги изведат симфонизираните антологиски кореографии Осоговка, Малешевка, Жетварка, Пиринско пролетно цвеќе, Водарки и многу други македонски орски и вокални мелодии од богатиот репертоар на „Танец“. Концертот ќе се одвива под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, а концерт-мајстор е Верица Ламбевска. Ќе настапат оркестарот, хорот и играорниот кор на „Танец“ и оркестарот и хорот на НОБ.
Фолклорно-класична симбиоза е проект замислен како музичка фузија на две различни традиции – класиката и фолклорот, вешто преточена во новите аранжмански партитури на Дарко Илиевски (истакнат инструменталист, автор и раководител на оркестарот на Танец).