Студентите по композиција при Факултетот за музичка уметност од Скопје, ќе одржат концерт вечерва во 18 часот во концертната сала на ФМУ. Ќе бидат изведени композиции од студентите по композиција – Лука Јанкулоски – класа на проф. м-р Јана Андреевска и Никола Ѓоргиев, Бојан Димитровски и Сара Сиљановска, од класата на проф. м-р Дарија Андовска.
Овој концерт нуди можност да се чуе свежиот, креативен израз на новата генерација композитори на ФМУ. Влезот е слободен.





