Студентите од Катедрата за џез и популарна музика при Факултетот за музичка уметност од Скопје, ќе одржат концерт утревечер во 20 часот во Loom Art & Culture во Скопје. Ќе настапат 15-ина студенти од различни години на студирање, а нив ќе ги предводи проф. Иван Иванов.
На концертот насловен Musica Viva, младите музичари ќе изведат авторски композиции, џез стандарди и поп песни. Влезот е слободен.





