Концерт на средношколците од „Илија Николовски-Луј“ во чест на патронот

Во камерната сала на Филхармонијата денеска во 12 часот ќе биде одржан концерт во чест на Илија Николовски-Луј, основоположник на современото музичко образование во Македонија и патрон на Музичко-балетскиот училиштен центар во Скопје. Диригент е професорот Ле Фи Фи, а ќе настапат средношколци од училиштето.

– Овој ден е потсетник на аманетот што ни го остави нашиот патрон – да ја негуваме музиката и танцот со љубов, труд и верба во младите генерации кои ја создаваат иднината на уметноста – вели Јован Бицевски, директор на школото.

Ќе настапат:

– Камерно дуо: Бисера Кировска – виолина, Теја Тодоровска – виолончело
А. Пијацола – „Либертанго“ – аранжман М. Кубота, класа: Сандра Крстевска.

– Камерно дуо: Ада Богоевска – виолончело и Ана Манчева – пијано
Ф. Шопен – Прелудиум е-мол, класа: Даница Стојанова.

– Камерно дуо: Софија Стојковска – сопран, Лора Мадевска – пијано
Ј. Б. Перголези – „Ако ме сакаш“, класа: Борис Светиев.

– Квартет флејти: Илина Ристова, Елена Чочоска, Ема Апостоловска, Теона Павлова
Д. Имери – „Ја излези Ѓурѓо“, класа: Николина Е. Тодоровска.

– Пијано дуо: Дамјана Грујовска, Ања Ивановска 8/9 одд.
Г. Форе – Свита „Доли“, оп. 56, Ми-а-оу, класа: Славица Мицовска-Смилевска

– Пијано дуо: Петар Митиќ, Матеј Зашовски
Ф. Сај – „Кумру“, класа: Маја Шутевска Кировска.

– Секстет виолончела: Кирјана Добревска, Ада Богоевска, Александар Ицковски, Ева Малиновска, Калина Теодосиевска, Калина Велковска
Пајдушко орк-ар. А. Ицковски, класа: Марија Кочарова Узунова, Маре Видевска, Александра Јаневска.

– Камерно дуо: Ана Велкоска – виолончело, Сара Витанова – пијано
С. Рахмањинов – Вокализа, класа: Самира Мустафаоглу / Маре Видевска.

– Камерно трио: Теона Павлова – флејта, Ема Апостоловска – флејта, Јован Станковиќ – пијано
П. И. Чајковски: Танцот на лебедите, класа: Светлана Димитриевска.

– Камерно дуо: Мила Наумовска – виолина и Ирина Давидовска – пијано
Глук – „Мелодија“, класа: Наташа Стојановска / Станисалва Поцевска.

– Квинтет ударни инструменти: Стефан Шурбевски, Јоана Павлова, Тамара Божиновска, Бодан Николовски, Мелани Спасовска
Brian Rustison – „Just buckets“, класа: Кристијан Христовски.

– Камерен оркестар на ДМБУЦ „Луј“
1. Вивалди: Концерт за 2 флејти оп.47,2, I став
Солисти: Елена Чочоска, Илина Ристова
2. Вивалди: Концерт за 2 виолини RV 512, I став
Солисти: Мила Наумовска, Михаела Ѓоргиевска
3. Вивалди: Концерт за 2 виолнчела RV 531, III став
Солисти: Александар Ицковски, Ева Малиновска
4. Менделсон: концерт бр.2, np.114 за кларинет и алт саксофон, 1 став
Солисти: Бојан Крстевски, Стефан Трајноски.

Насловна фотографија: Од минатогодишниот концерт / Извор: ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“

Сподели