Португалскиот пијанист Васко Дантас ќе одржи концерт вечерва во 21 часот во црквата „Св.Софија“ во Охрид. Дантас, кој е роден во Порто во 1992 година, ги завршил студиите на Кралскиот колеџ за музика во Лондон со највисоки оценки. Постдипломските студии и докторските студии ги завршува на Универзитетот во Мунстер, Германија.

Добитник е на повеќе од 50 награди и признанија од натпревари и фондации ширум светот и тоа во: Рим, Малта, Мароко, Германија, Португалија и др. Во 2019 дебитира во „Карнеги Хол“ во Њујорк. Бројните настапи го носат на следните концертни сцени во: Австрија, Белгија, Бразил, Кина, Хрватска, Франција, Германија, Италија, Косово, Малта, Мароко, Португалија, Русија, Србија, Сингапур, Шведска, Тајланд, В. Британија и САД.

Дантас е носител е на дипломата „Уметност на педагогијата“ од Лондонскоит колеџ за музика. Има ограничен број на приватни ученици и одржува мајсторски курсеви на бројни фестивали. Тој е уметнички директор на Фестивалот за камерна музика во Алгарве во јужна Португалија. Неговите снимени материјали се поместени на неколку носачи на звук „Променада“ (2015), „Златниот Лист“ (2016), „Фреитас Бранко” (2020) и „Поетски сцени“ (2020).

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.