Концерт на „Пијано трио“ во Офицерскиот дом во Битола

Во свечената сала на Офицерскиот дом во Битола вечерва во 20 часот концерт ќе одржи „Пијано трио“, по повод нивниот 10 годишен јубилеј. Во составот членуваат етаблирани музичари: Татијана Петрушевска-Караскаковска (прва обоа во оркестарот на НОБ), Марјан Милошевски (прв фагот во оркестарот на НОБ) и професор по фагот на Факултетот за музичка уметност и Петар Макариевски, пијанист и уметнички соработник при ФДУ.

– Тројца докажани уметници, поттикнати од желба за истражување на нови композиции и зголемување на својот репертоар, во 2014 година формираа свое трио. Убедени дека

постоење на камерни состави од секаков вид е потребно и продуктивно за музичарите како од аспект на соработка така и од потребата за зголемување на репертоарот, но и изведувањето на дела кои не се само за соло инструмент туку се во соработка со други инструменти. Формацијата на ова трио овозможува широк репертоар од различни епохи и композиции кои бараат виртуозност во изведбата и се предизвик за концертните подиуми – велат организаторите.

Дела од Х. Брод, Т. Лалие, К. Фридеман, В.А. Моцарт, Ф. Пуланк, Г.Ф. Хендл, А. Вивалди, А. Рајхенауер, Л.В. Бетовен, М. Глинка, Ж. Франсе се само дел од композиторите кои се на репертоарот на ова трио кои битолчани ќе можат да ги проследат.

Сподели