Концерт на пијанистот Леонид Петрески во Даут-пашин амам

Во Даут-пашиниот амам во Скопје вечерва во 20 часот солистички концерт ќе одржи младиот пијанист Леонид Петрески. На програмата се композиции од Бетовен и Лист и дела од македонскиот композитор Димитрије Бужаровски. Концертот се одвива во рамките на 19. издание на Фестивалот за современа музика „Модоарс“.

Мисијата на фестивалот е да ги донесе новите музички трендови, да прикаже концерти на големи музички имиња од земјата и странство, да ги промовира младите уметници и да внесе нов квалитет и динамика во културниот живот во нашата земја.

Петрески дипломирал како најдобар студент на својата генерација. Влезот на концертот е слободен.

Сподели