Концерт на Националната опера и балет на „Денови на македонска музика“

Оркестарот на Националната опера и балет со солисти вечерва во 20 часот во својата матична куќа ќе одржи концерт во рамките на 47. „Денови на македонска музика“. Публиката ќе проследи дела на композиторите на кои им се одбележуваат јубелјните години од раѓањето: Стојче Тошевски и Живојин Глишиќ, премиерната изведба на делото на композиторот Стојан Стојков, и делата на композиторите Димче Николески, Фатос Лумани и Ристо Аврамовски.

Како солисти на концертот ќе настапат сопраните Весна Гиновска-Илкова, Наде Талевска и Гонца Богоромова и баритонот Горан Начевски. Диригент е Иван Еминовиќ. Влезот е слободен.

Сподели