Гитарскиот виртуоз Мухамед Ибраими ќе одржи концерт денеска во 12.30 часот на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје, како дел од програмата Студентска музичка пролет. Ибраими е инспиративен и автентичен мултинструменталист, велат организаторите. Ибраими потекнува од музичка фамилија и свири инструменти уште од својата петта година. Започнал со мандолината, продолжил со виолината, а негова најголема пасија е гитарата. Својот прв албум Fly го промовираше во 2014 година.

Втор настан што ќе биде организиран ќе биде предавањето на балерината Ивана Коцевска, на тема „Како се создава балетско дело“, кое ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на СМП.

Ивана Коцевска е балетски уметник, кореограф и магистер по балетска педагогија. Работи како солист во Македонската опера и балет. Таа е дел од оваа национална куќа две децении. Изведува солистички и главни улоги во балетските претстави како што се Оревокршачка, Лебедово езеро, Заспаната убавица, Дон Кихот, Наполи, Самсон и Далила, Кармен, Жизел, Серенада, Концерто Бароко, Есмералда, Шехерезада, Кармина Бурана, Конзерваториум (Бурнвил), Ла Силфид, Лес Силфид, Агонија на срцето (Галили) и многу други. Предава како хонорарен професор во МБУЦ “Илија Николовски – Луј”.

Работела како солист во словенечкиот национален балет во Љубљана и во Вурцбург каде била поканета од Ана Вита и една година специјализација во Киев при украинскиот национален балет каде ја реализира улогата на Мирта во балетот „Жизел“.

Модератор ќе биде проф. Мира Беќар.
УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.