Концерт на „Мизар“ на 15 декември во МКЦ

Kултната македонска група „Мизар’’ ќе одржи концерт на 15 декември (недела) во 20 часот во Младинскиот културен центар во Скопје. Во составот на „Мизар“ ќе настапат: Горазд Чаповски, гитара, Пеце Китановски, бас, Илија Стојановски, бас процесор, Принц,  клавијатури, бек вокал, Драган Теодосиев, тапани, Нико Ѓоргиевски, вокал, перкусии
хармосини, вокали: Сава Булатовиќ, Христијан Моневски (виола, кларинет, флаута, лира).

Еминентниот музички новинар, Драган Амброзиќ во својот осврт кон реизданието на првиот албум на Мизар, деновиве напиша:

„Мизар“ се претвори во трајно регионално добро. До денес останаа бенд кој е во постојана потрага за суштината, бенд кој поставува прашања, а не некој што нуди лесни одговори! И денес потполно во тренд со најсвежите планетарни примери на дарквејв групи.’’

Билетите се во продажба на касата на МКЦ, како и преку нивниот систем за интернет продажба.

Годинава беше реиздадено винилното издание на нивниот легендарен истоимен прв албум, од страна на матичниот издавач „Хелидон’’, а набрзо следи и реизданието на вториот албум ‘„Свјат dreams 1762-1991’’. Групата работи на својот нов албум и за почеток веќе може да се чуе првата песна од него, „Псалм 135’’.

Сподели