Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани во соработка со Државниот музичко училиштен центар „Сергеј Михајлов“ од Штип организираат концерт на македонски евергрини. Концертот е закажан за утревечер во 19 часот во Центарот за култура. Диригент ќе биде Славица Деспотова, а ќе бидат изведени 15 композиции.
Повеќе за програмата:
1. Тајно моја – проф. Ѓорѓи Димитров
2. Осамен – проф. Зоран Настов
3. Свирете ја зајди, зајди – Мелани Крстева
4. Чија си – Димитар Филев
5. Кажи ми – Сандра Дејановиќ
6. Еми – Бисера Јанева
7. Би се викал те сакам – проф. Илија Ќосевски
8. Ангели ме носат – проф. Виолета Арсовска
9. Лиду, лиду ду – Емилија Ристова
10. Црно на бело – Теа Златева
11. Дали ме сакаш – Ива Гигова
12. Љубовта е моја религија – Теа Златева
13. А можевме – Софија Ангелова
14. Сè е исто како лани – проф. Зоран Настов и проф. Виолета Арсовска
15. Виолина и гитара – проф. Никола Јанков и Габриел Доленц