Во Салон 19.19 при Културно-информативниот центар во Скопје вечерва во 19.19 часот концерт ќе одржи квартетот „Инструментал“. На програмата се дела од албански композитори и песни на албанската икона Ваче Зела, оркестрирани во духот на класичната музика за овој вид на квартет и гитара.

Ќе настапат: Вулнет Незири – обоа, Арбер Таири – виолина, Сихана Речи – виола, Греса Мемети – виолончело и гостинот Јетмир Мехмеди – гитара. Квартетот „Инструментал” е формиран во 2013 година во Тетово и е составен од млади дипломирани музичари. Како квартет учествувале на многу културни настани, концерти, манифестации и приватни настани.

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите, фотографиите и останатите материјали што ги објавува Умно.мк се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на Умно.мк.