Концерт на кларинетистот Благој Ламњов во Велес

Македонско-шведскиот кларинетист Благој Ламњов ќе го одржи својот прв самостоен концерт во Велес на 3 јуни во Театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“.  Ламњов ќе ја изведе музикaта од албумот „Носталгична љубов“, како и мали музички изненадувања.

Ламњов ќе настапи заедно со гитаристот Петер Тегнер од Шведска.
Во овој интимен концертен амбиент ги поместува границите на инструментот кларинет, мешајќи го македонскиот фолклор со сензитивноста на западната класична музика. Под влијание на двата музички жанра, зачинет со префинета сензитивност, музичкиот стил на Благој ќе ви понуди концертно доживување полно со емоции, една подлабока средба со кларинетот, како и поблиска музичка слика за Македонија, создавајќи мост помеѓу стариот и модерниот свет.

Билетите се пуштаат во продажба на 15 aприл.

 

Сподели