Македонско-шведскиот кларинетист Благој Ламњов ќе настапи во „Јавна соба“ во Скопје, на 17 декември, со почеток во 20 часот. Ламњов ги поместува границите на кларинетот, спојувајќи ја македонската музика со сензибилитетот на западната класична традиција и откривајќи една нова димензија на овој инструмент.
Под влијание на многу музички жанрови, музичкиот стил на Благој нуди концертно искуство исполнето со емоции, топла и уметничка слика за Македонија,создавајќи мост помеѓу стариот и современиот свет.
На овој интимен анплагд-концерт ќе слушнете музика од албумите на Благој Nostalgic Love и Nostalgic Love 2, во кои се вклучени и познати македонски теми.
Благој Ламњов ќе настапи заедно со Стојанче Наумов на клавијатури.





