Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија

Камерниот ансамбл „Алтус“ вечерва во 20 часот во малата сала на Филхармонија ќе одржи концерт во рамките на „Денови на македонската музика“. Диригент е Паскал Галоа, а солистички ќе настапат сопраните Гонца Богоромова-Краповски и Милена Дамњановиќ. Покрај нив во ансамблот членуваат: Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Марко Виденовиќ – виола, Паскал Краповски – виолончело, Антоние Весковски – ударни инструменти и Маријана Николовска – пијано.

На прграмата се дела од Благој Цанев, Јана Андреевска, Михајло Трандафиловски, Панде Шахов, Валентина Велковска-Трајановска. На концертот светска премиера ќе има делото ROtary folk за соло кларинет и фиксен медиум од Ана Пандевска.

Сподели