Концерт на Јозеф ван Висем во Кинотека

Во Кинотеката на Македонија вечерва во 21.30 часот концерт ќе одржи познатиот лејтист Јозеф ван Висем. Од почетокот на кариерата, Ван Висем си постави цел да ги донесе звуците на единствената барокна лејта до пошироката публика, во што целосно успеа.

Победник е на филмскиот фестивал во Кан за саундтракот за вампирската драма Only Lovers Left Alive. Ван Висем соработувал со Џим Џармуш, Џејмс Блекшо, Зола Хесус и многу повеќе неверојатни фигури од уметничката индустрија.

Издал повеќе од 20 албуми со извонредни музички реликвии, вклучувајќи го и неговото последно издание Behold! I Make All Things New, инструментално, неокласично дело, снимено во карантин помеѓу 2019 и 2021 година.

Настапувал на огромен број концерти низ светот во академски сали, католички катедрали и на најпрестижните фестивали како АТП и Примавера Саунд свирејќи ја својата целосно црна барокна прилагодена лаута.

Сподели